Friday, January 9, 2015

И останатите демони

Нема поголема болка од чувството на стари, изгниени соништа
Поради стравот од неуспех си ги потиснал длабоко во себе.
Се насобрало купиште прашина на дамнешните сеништа
И останатите демони кои се бореле во тебе.



Ја кинеш пајажината на влезот од детските сни
И се чудиш на одамна замрачените дни.
Го будиш детето во твоето срце и заигруваш
Заигруваш од болка, заигруваш од жал, заигруваш.

Врискаш, пиштиш, сакаш да се вратиш.
Кај ми заминаа соништата?
Кој ми ги изгази желбите?
Кој ми ја изгаси страста?

Суптилно ги бришеш солзите што надојдоа
Како поплава на сив и уморен ден.
Ги криеш од детето во твоето срце
И замижуваш на стапките врз душата.

Нема поголема болка од чувството на стари, изгниени соништа
Поради стравот од неуспех си ги потиснал длабоко во себе.
Се насобрало купиште прашина на дамнешните сеништа

И останатите демони кои се бореле во тебе.

No comments:

Post a Comment