Saturday, January 10, 2015

Те сонував


Те сонував,
молчешкум си кажувавме тајни.
Те сонував,
сé си кажавме, а збор не изустивме.
Те сонував,
ме љубеше.

Те сонував,
од очи ти искреше страст.
Те сонував,
со поглед се разбравме.
Те сонував,
над облаци летавме, а приземјени бевме.

Те сонував,
и само сонот ми остана.
Се разбудив,
и пак сме туѓи.
Те сонував, мој беше.
А не си.


Friday, January 9, 2015


Пат кон самиот себе

            


             Животот на секој човек е пат кон самиот себе. Ниту еден човек не бил целосно самиот тој, туку секој се стреми да стане тоа – некој несвесно, некој појасно, кој како што умее. Не постои друга реалност освен онаа што ја имаме во самите себе. Затоа повеќето луѓе живеат толку нереално – бидејќи ги сметаат за реалност сликите надвор од себе, а на својот сопствен свет во себе не му дозволуваат да дојде до израз. А толку многу имаме да научиме од самите себе.
            Се чини, светот решил да дели на две главни нешта. Станува збор за некое непишано правило кое сите ние мора да го следиме. Да делиме на едни и други. Сите знаат дека постојат два типа на луѓе. Кои се тие? Прашајте кој било.  Сите ќе ви одговорат добри и лоши. Едните се оние кои се ценети од сите и сите ги сакаат  во нивна близина. А другите? Кои се, всушност лошите луѓе? И дали ги имаме во наша близина? И зошто баш лоши? Понекогаш размислувам дека одредени луѓе се релативно лоши. Релативно. Да, тоа е зборот. На пример, има луѓе кои се лоши за една група на луѓе, а пак, за друга се најдобри на цел свет. Дали за една мајка детето може да биде лошо? Или пак за едно дете мајката може да биде лоша?
          Сепак, кога станува збор за некоја личност, при описот на таа личност ќе се каже дека е многу добра. Или пак дека е лоша. Од каде е таа генерализација или поделба? Личноста како личност може да поседува и добри и лоши карактеристики. Некој повеќе, некој помалку, но не може, не е возможно една личност да биде само добра за сите, а друга да биде лоша во целиот тек на својот живот.
            Општеството решило да ги дели луѓето на добри и лоши. Нека биде така. Да почнеме со лошите луѓе. Општо се прифатени како лоши. но, мора да се размисли и од друга гледна точка. Доколку не би постоеле лошите, не би знаеле да ги цениме добрите. И животот не би бил интересен. Барем, јас така размислувам. Токму заради лошите луѓе, знаеме да се бориме, мораме да се бориме, да успееме во животот. Затоа што тие луѓе се лоши само за нас. И од нив добиваме мотивација. А за некои други пак, баш тие истите луѓе се добри. без разлика, секогаш е релативно индивидуално.
            При анализата, добрите луѓе се сепак општо прифатени добри. Тие се оние луѓе кои во секој момент би помогнале. Некогаш би се рекло дека тие луѓе се успешни на секое поле од животот. Имаат добри семејни врски и односи. Кариера или професија на која им завидуваат. И совршен партнер. А кои се нивните карактеристики, нивните лични карактеристики, палетата на особини? Благородни се. Не им треба причина за да направат добро дело, би направиле добро дело само за да си го исполнат своето срце со среќа. Тие се среќни кога и другите се среќни. Не завидуваат, затоа што нив нема да им пречи доколку другите имаат повеќе, се посреќни. Сепак мислам дека блгородноста е една од нивните клучни особини за да се карактеризираат како добри. Таквите луѓе се посакувани во сечие друштво. Како светлина која се појавува на темно место. Зрачат со харизма. Што би рекле старите „како лепче се добри“. Овие луѓе ни го разубавуваат светот. Без нив светот би бил само мрачно место во кое сме принудени да постоиме. Без нив не би бил светот таков каков што е. Денот би бил празен, темен, битка за опстанок, за преживување.
            Да не се ограничуваме. Може да се згреши. Не секогаш ги познаваш доволно луѓето околу тебе. Секој може да згреши во проценката. Треба сите да се прифатиме какви што сме, да бидеме она што длабоко во нас сме, и да дозволиме она човечкото во нас да не води низ животот. Само така ќе се оттргнеме од стегите на општеството и ќе го бараме само доброто во сите. Само така ќе успееме. Животот е премногу краток за да бидеме лоши.


И останатите демони

Нема поголема болка од чувството на стари, изгниени соништа
Поради стравот од неуспех си ги потиснал длабоко во себе.
Се насобрало купиште прашина на дамнешните сеништа
И останатите демони кои се бореле во тебе.



Ја кинеш пајажината на влезот од детските сни
И се чудиш на одамна замрачените дни.
Го будиш детето во твоето срце и заигруваш
Заигруваш од болка, заигруваш од жал, заигруваш.

Врискаш, пиштиш, сакаш да се вратиш.
Кај ми заминаа соништата?
Кој ми ги изгази желбите?
Кој ми ја изгаси страста?

Суптилно ги бришеш солзите што надојдоа
Како поплава на сив и уморен ден.
Ги криеш од детето во твоето срце
И замижуваш на стапките врз душата.

Нема поголема болка од чувството на стари, изгниени соништа
Поради стравот од неуспех си ги потиснал длабоко во себе.
Се насобрало купиште прашина на дамнешните сеништа

И останатите демони кои се бореле во тебе.

ANNABEL LEE


By Еdgar Аllan Poe


It was many and many years ago,
In a kingdom by the sea,
That a maiden there lived whom you may know
By the name of Annabel Lee;
And this maiden she lived with no other thought
Than to love and be loved by me.

I was a child and she was a child,
In this kingdom by the sea,
But we loved with a love that was more than love - 
I and my Annabel Lee—
With a love that the wingèd seraphs of Heaven
Coveted her and me.

And this was the reason that, long ago,
In this kingdom by the sea,
A wind blew out of a cloud, chilling
My beautiful Annabel Lee;
So that her highborn kinsmen came
And bore her away from me,
To shut her up in a sepulchre
In this kingdom by the sea.

The angels, not half so happy in Heaven,
Went envying her and me—
Yes!—that was the reason (as all men know,
In this kingdom by the sea)
That the wind came out of the cloud by night,
Chilling and killing my Annabel Lee.

But our love it was stronger by far than the love
Of those who were older than we—
Of many far wiser than we—
And neither the angels in Heaven above
Nor the demons down under the sea
Can ever dissever my soul from the soul
Of the beautiful Annabel Lee;

For the moon never beams, without bringing me dreams
Of the beautiful Annabel Lee;
And the stars never rise, but I feel the bright eyes
Of the beautiful Annabel Lee;
And so, all the night-tide, I lie down by the side
Of my darling—my darling—my life and my bride,
In her sepulchre there by the sea—

In her tomb by the sounding sea.